зазема
заземаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6492
1.
Почне да зема нешто.
Примери:
Без да праша, зазема од поставените јадења.
Слично со:
зема (несв.)
2.
Завладее, освои нешто (територија, град) со војна, со борба.
Примери:
Борците на јуриш го заземаат селото.
Непријателот се обидуваше да ги заземе нашите позиции.
Слично со:
завладее (св.)
3.
Насели определена територија; зафати определен простор, место.
Примери:
Куќата го зазема најголемиот дел од дворот.
Тој се довлечкуваше под дрвото и си го заземаше своето старо место.
Гледачите сѐ уште не планираа да ги заземат своите места.
Слично со:
насели (св.)
4.
Дојде на определено работно место, должност, функција.
Примери:
Стариот бег умре и тој требаше да го заземе неговото место.
Се подготвуваше да го заземе своето место на управник.
5.
Се најде, зафати определена положба, место во некаков хиерархиски ред.
Англиски:
place
Албански:
vendos, zë
Живата уште од најраните времиња заземала важно место меѓу металите.
Екипата на Вардар го заземаше првото место на табелата.
6.
(се зазема) Се загрижи, се застапи за некого или за нешто.
Примери:
Тој постојано се заземал за него и го спасувал од прогонство.
Владата ќе се заземе за ратификување на договорот.
Изведенки
заземање ср.
глаг. им.
глаг. им.