закрпи
Види и:
крпи (несв.)
закрпат; закрпил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14787
1.
За распарано и скинато - со крпење, со шиење поправи оштетена облека.
Примери:
Кошулата му беше закрпена близу јаката.
2.
За дупнато - покрие со калај, поправи оштетени посатки и др.
Примери:
Калајџијата ни ги закрпи двете тепсии што беа дупнати.
Слично со:
залеми (св.)
3.
Се грижи за некого, му ја крпи облеката некому.
Примери:
Откога остана вдовец, немаше кој ни да го испере, ни да го закрпи.
4.
Поправи, среди нешто делумно, донекаде.
Примери:
Дури приквечер го закрпија мостот.
Слично со:
поправи (св.)
5.
(се закрпи) Искрпи нешто на себеси, своја облека.
Примери:
Едвај се закрпив, толку што бев искината од тоа пусто куче.
Изведенки
1.
закрпува несв.
(се) закрпуваат
(се) закрпуваат
2.
закрпување ср.
глаг. им.
глаг. им.