а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залечи

залечат; залечил; залечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17962
1. За рана, болест - привремено, донекаде излечи, доведе во добра состојба.
Англиски: cure Албански: shëroj
Употреба: Медицина
Примери:
Застанаа во селото да се одморат и да си ги залечат раните.
2. Почне да лечи, да лекува некого.
Англиски: heal Албански: shëroj, mjekoj
Употреба: Медицина
Примери:
Ме залечи со некакви треви и ме остави неизлечен.
3. (се залечи) Се излечи привремено, донекаде или целосно.
Англиски: cure Албански: shëroj, mjekoj
Употреба: Медицина
Примери:
Се залечил од грипот со разни чаеви.
4. (се залечи) Почне да се лечи, да се лекува.
Англиски: heal Албански: shëroj
Употреба: Медицина
Примери:
Се залечив од ревматизам пред неколку години.
Изведенки
1. залечува несв.
(се) залечуваат
2. залечување ср.
глаг. им.