а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замени

заменат; заменил; заменет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2270
1. Изврши размена, даде едно нешто за да добие друго нешто.
Англиски: exchange Албански: këmbej
Примери:
Тој го замени својот стан за два помали.
Селанецот го замени житото за волна.
2. Стави нешто ново, друго на местото на старо, искористено, скршено итн.
Англиски: replace Албански: zëvendësoj
Примери:
Ги замениле скршените оски на колата.
Глаголицата била заменета со кирилица.
3. Побрка, смеша едно нешто со друго исто или слично нешто.
Англиски: confuse Албански: ndërroj, ngatërroj
Примери:
Некој ми го заменил мојот молив со друг.
Тие си ги заменија капите.
4. Одмени, смени некого, преземе некоја работа, должност на местото од друг.
Англиски: replace Албански: zëvendësoj
Примери:
Тој го замени главниот актер во една сцена од филмот.
Снаата ја замени свекрвата во домашните работи.
5. Настапи промена, нова состојба (за природни појави, психички состојби на човекот).
Англиски: replace Албански: zëvendësoj
Примери:
Невремето што беснееше цел час, наеднаш го замени сонце.
Трепетот помина, го замени тага.
Запрепастување ја замени одушевеноста.
6. (се замени) Се смени со некого во вршењето некоја работа, должност, направи меѓусебна размена.
Англиски: change Албански: ndërroj
Примери:
Тие си ги заменија работните места.
Изведенки
1. заменува несв.
(се) заменуваат
2. заменување ср.
глаг. им.