заприкаже
заприкажат; заприкажи, заприкажете; заприкажав, заприкажаа; заприкажал; заприкажан; (ќе) заприкажев, (ќе) заприкажеа; (ќе) заприкажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 41314
1.
Почне да прикажува.
Примери:
Ќе заприкаже и се некој ќе го прекине.
2.
Со разговор одврати внимание некому од нешто.
Примери:
Таа го заприкажа стражарот, додека другите не влегоа внатре.
3.
(се заприкаже) Се занесе во прикажување.
Албански:
harroj
Тој се заприкажа со девојката што седна до него.
Изведенки
1.
заприкажува несв.
(се) заприкажуваат
(се) заприкажуваат
2.
заприкажување ср.
глаг. им.
глаг. им.