а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зараза

мн. зарази
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10903
1. Причинител на болест што се пренесува од еден организам на друг.
Англиски: infection Албански: infekcion
Употреба: Медицина
Примери:
Буништата се извор на зарази.
2. Процес на пренесување заразна болест од еден организам на друг.
Англиски: epidemic Албански: epidemi
Употреба: Медицина
Примери:
смртоносна зараза, цревна зараза
3. Претерана зависност од нешто.
Англиски: addiction Албански: varësisë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Компјутерските игри се голема зараза.