зараза
мн. зарази
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10903
1.
Причинител на болест што се пренесува од еден организам на друг.
Примери:
Буништата се извор на зарази.
2.
Процес на пренесување заразна болест од еден организам на друг.
Примери:
смртоносна зараза, цревна зараза
Слично со:
инфекција (ж.)
3.
Претерана зависност од нешто.
Примери:
Компјутерските игри се голема зараза.