зарече
заречат; заречи, заречете; зареков, зарекоа; зарекол, зарекле; (ќе) заречев, (ќе) заречеа; (ќе) заречел; заречен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12063
1.
Направи некој да даде збор дека нема да прави нешто, заколне некого да не прави нешто.
Примери:
Мајка ми ме зарекла да не одам кај нив.
Слично со:
заколне (св.)
2.
Почне да зборува, да кажува нешто.
Примери:
Тој само што ја зарече молитвата, сите ги начулија ушите.
Слично со:
прозбори (св.)
3.
Вети, обврзе (во религиозна смисла).
Примери:
Мајка ми ме зарекла на Св. Илија.
Слично со:
вети (св.)
4.
(се зарече) Си даде збор, се заколне дека нема да прави или дека ќе прави нешто.
Примери:
Тој се зарече дека нема да пие повеќе.
Таа се зарече дека ќе ја чува тајната.
Слично со:
вети (св.)
Изведенки
1.
заречува несв.
(се) заречуваат
(се) заречуваат
2.
заречување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
зарекува несв.
(се) зарекуваат
(се) зарекуваат
4.
зарекување ср.
глаг. им.
глаг. им.