затегне
Види и:
тегне (несв.)
затегнат; затегни, затегнете; затегнав, затегнаа; затегнал; затегнат; (ќе) затегнев, (ќе) затегнеа; (ќе) затегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14251
1.
Направи да стане нешто напнато, оптегнато.
Англиски:
tighten
Албански:
shtrëngojë
Малку ги затегна дизгините на коњот и тој застана.
Не забораваше да ги затегне жиците на своето тамбурче.
Слично со:
напне (св.)
2.
За работа, дејство - одолжи, развлече.
Примери:
Затегна со долгиот вовед.
Сѐ одеше добро додека тој не ја затегна работата.
Слично со:
одолжи (св.)
3.
(се затегне) Стане нешто напнато, оптегнато.
Англиски:
tighten
Албански:
shtrëngojë, tensionoj
Му се затегнаа густите веѓи.
4.
(се затегне) За работа, дејство - се одолжи, се развлече.
Англиски:
stretch
Албански:
zgjas, zvarrit
Префрлувањето на имотот се затегна на половина година.
Изрази
Му го затегна јажето околу вратот - го доведе во безизлезна ситуација.
Изведенки
1.
затегнува несв.
(се) затегнуваат
(се) затегнуваат
2.
затегнување ср.
глаг. им.
глаг. им.