затскрие
затскријат; затскриј, затскријте; затскрив, затскрија; затскрил; затскриев, затскриеја; затскриел; затскриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8900
1.
Покрие малку, скрие нецелосно.
Примери:
За миг облаците го затскрија сонцето.
Спротивно од:
открие (св.)
2.
Скрие зад некого или нешто.
Примери:
Мало девојченце истрча и брзо се затскри зад мајка си.
Затскриен зад дебелата ладовина што му ја пружа резиденцијата.
4.
(се затскрие) Се скрие зад некого или зад нешто.
Примери:
Се затскри зад првото дрво.
5.
(се затскрие) Се скрие од директен поглед, да не биде виден.
Примери:
Вознемирена верверичка се затскри во стеблото од едно дрво.
6.
(се затскрие) Се засолне на некое место, промени место да не биде најден.
Примери:
Детето се затскри зад вратата.
Изведенки
1.
затскрива несв.
(се) затскриваат
(се) затскриваат
2.
затскривање ср.
глаг. им.
глаг. им.