жугнат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрепне по прележана болест.
заздрават
Вид збор: Глагол, свршен
Поврати здравје, закрепне, стане поздрав, поцврст.
Примери:
Кога ќе заздрави, ќе ја продолжи работата.
зајакнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане појак, посилен; закрепне по болест.
Примери:
Таа зајакна по прележаната болест.
закрепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Зајакне, се поврати од нарушена во нормална здравствена состојба.
Примери:
Тој закрепна по неколку дена.
Вид збор: Глагол, свршен
(се надигне) По доживеана слабост (болест, морален, материјален пад) си ја врати состојбата, се накрене.
накренат
Вид збор: Глагол, свршен
(се накрене) Се поврати, се соземе по болест или друга слабост, неуспех и сл.
Примери:
По една недела од операцијата се накрена.
повратат
Вид збор: Глагол, свршен
Врати нешто во претходна состојба.
Примери:
Поврати вера.
освести, излекува
Примери:
Одвај со вода го повратија.
(се поврати) Се врати претходната состојба.
Примери:
Животот во селото пак се поврати.
(се поврати) Си дојде на себе, се освести.
Примери:
Стана свесен за сè, наполно се поврати.
подигнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подигна) Дојде во претходна положба.
Примери:
Фамилијата материјално пропадна, но со усилби на сите членови од семејството се подигна на нозе.
(се) поднакренат
Вид збор: Глагол, свршен
Се накрене, се поврати, се соземе по болест или друга слабост; неуспех и сл.
Примери:
Паднал тешко болен, едвај се поднакренал по долгото лечење.
Вид збор: Глагол, свршен
Собере малку, донекаде.
Примери:
Откако поприбравме сили, ги нападнавме.
Дојде малку на себе, среди малку мисли, чувства.
Примери:
Откако ги поприбра своите мисли, донесе решение.
станат
Вид збор: Глагол, свршен
Дигне се по болест, оздрави.
Примери:
Легна и воопшто не стана.