збута
збутаат; збутал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 34106
1.
Избутка, истисне со буткање некого или нешто.
Примери:
Последните од редот го збутаа старецот до ѕидот.
Влегов последен и ме збутаа на последниот ред.
Слично со:
истисне (св.)
2.
Одеднаш бутне, стави со буткање нешто некаде.
Примери:
Тој збута некаква хартија во џебот.
3.
зафрли
Примери:
Каде ли сум ја збутала црвената блуза?
Ги збута некаде очилата, сега не може да ги најде.
Слично со:
зафрли (св.)
4.
(се збута) Се притисне кон некого или кон нешто.
Англиски:
press
Албански:
trus, rras
Учениците се збутаа пред автобусот.
Девојчето се збута до мајка си.
Изведенки
1.
збутува несв.
(се) збутуваат
(се) збутуваат
2.
збутување ср.
глаг. им.
глаг. им.