push - онтологија

акне повеќе

акнат
Вид збор: Глагол, свршен
турне
Албански: shtyn
Употреба: Разговорно
Примери:
Ване го акна детето кон вратата.

ашка повеќе

ашкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
турка
Употреба: Разговорно
Примери:
Децата се ашкаа пред вратата.

бувка повеќе

бувкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Турка некого, удира, бува, предизвикувајќи специфичен звук.
Албански: shtyj, përplas
Примери:
Тој бувка одвреме-навреме.

бута повеќе

бутаат
Вид збор: Глагол, несвршен
турка
Албански: shtyj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ја бута од себе девојката.

бутка повеќе

буткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
турка
Албански: shtyej
Употреба: Разговорно
Примери:
Селаните ги буткаа жените со децата поблиску до огнот.

бутне повеќе

бутнат
Вид збор: Глагол, свршен
турне
Албански: shtyj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ја бутна вратата сосила и влезе.
(се бутне) се турне
Албански: futet
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој прв се бутна во мене.

бутуриса повеќе

бутурисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Јако и силно турне, бутне некого.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја фати за раменици и ја бутуриса во отворената порта.

втера повеќе

втераат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосила натера некого да влезе во ограничен простор.
Албански: nxis
Примери:
Некој со клоца низ врата в одаја ме втера.
Со удар, со притисок направи нешто да продре во внатрешноста на нешто.
Албански: nxis
Примери:
Ја втера топката во голот.

добута повеќе

добутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со бутање донесе нешто до некое место.
Албански: sjell duke shtyr
Употреба: Разговорно
Примери:
Со последни сили ја добуткавме колата до гаражата.

доистурка повеќе

Види и: истурка (св.)
доистуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истурка се, сите до еден.
Албански: shtyn
Примери:
Ги доистурка кеглите.

дупи повеќе

дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Како поттик - бегај, трчај, терај.
Албански: shtyj
Употреба: Разговорно
Примери:
Сега, дупи за назад.

забута повеќе

Види и: бута (несв.)
забутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бута.
Албански: shtyj
Примери:
Ја забутаа колата по патот.
(се забута) Почне да се бута.
Албански: futet
Примери:
Таа се забута низ луѓето.

затурка повеќе

затуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да турка.
Албански: shtyj
Примери:
Ја натовари количката и ја затурка по благата угорница.
Турка малку.
Албански: shtyj
Примери:
Две момчиња му помогнаа, затуркаа и автомобилот забрмчи.
(се затурка)
Албански: shtyj
Примери:
Се затуркаа луѓето пред шалтерот.

збута повеќе

збутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Избутка, истисне со буткање некого или нешто.
Албански: shtyj
Примери:
Последните од редот го збутаа старецот до ѕидот.
Одеднаш бутне, стави со буткање нешто некаде.
Албански: shtyj
Примери:
Тој збута некаква хартија во џебот.

збутка повеќе

збуткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бутка.
Албански: filloj të shtyj
Примери:
Ги збуткаа учениците од двете страни на ходникот за да може да се помине.

избутка повеќе

Види и: бутка (несв.)
избуткаат
Вид збор: Глагол, свршен
истурка
Албански: shtyj
Употреба: Разговорно
Примери:
Лека, полека ги избутка кутиите до другата соба.

изнабута повеќе

Види и: набута (св.)
изнабутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Напика, набута во нешто.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ги изнабута книгите во ранецот.

испика повеќе

испикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намести некого (обично незаслужено, нерегуларно) на висока општествена положба, на работно место и сл.
Албански: fut në kurth
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го испика и брат му таму да работи.

истурка повеќе

истуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со туркање помести или отстрани некого, нешто.
Албански: shtyj
Примери:
Ме истуркаа од редот.
Турне да паднат повеќемина или повеќе нешта.
Албански: shtyj
Примери:
Пијаните гости ги истуркаа столовите.

кошка повеќе

кошкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кошка) Се турка, се удира со некого.
Албански: shtyn

навира повеќе

Види и: навре (св.)
навираат
Вид збор: Глагол, несвршен
навре, вовлече
Албански: fus

навтера повеќе

навтераат
Вид збор: Глагол, свршен
Со туркање втера.
Албански: fus, shtyj
(се навтера) Влезе, се напика каде што нема место или каде што не е пожелен.
Албански: futem

напика повеќе

напикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, намести некого на добро работно место, во функција преку врска, со протежирање.
Албански:
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го напикал синот на работа во управата.
(се напика) Влезе некаде од интерес, се пробие, се вовлече.
Албански: futem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Се напика во партијата да се добере до власт.

натурка повеќе

натуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Турне, изурне во поголемо количество.
Албански: jap të shtym
Примери:
Натуркаа сѐ што не беше направено по планот.
(се натурка) Се наработи туркајќи нешто.
Албански: shtyj mjaftueshëm

оттурне повеќе

оттурнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со притисок, со туркање, направи нешто да се помести, да се оддалечи, да се одбие.
Албански: shtyj, largoj
Примери:
Го оттурна чамецот.
оддалечи, отстрани, потисне
Албански: largoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој настан ги оттурнал на втор план сите други проблеми.
(се оттурне) се откорне, се оддели, се истргне
Албански: shkëputet
Примери:
Се оттурна една карпа од ридот.
(се оттурне) Со притисок, со одбивање од нешто се помести или се оддалечи.
Албански: largohet
Примери:
Лаѓата се оттурна од брегот.

пика повеќе

(се) пикаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Турне во некоја положба.
Албански: shtyj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Само своите ги пика.

побута повеќе

побутаат
Вид збор: Глагол, свршен
бута кратко

побутне повеќе

побутнат
Вид збор: Глагол, свршен
бутне малку, турне
Примери:
Побутни го автомобилот!

подбутне повеќе

подбутнат
Вид збор: Глагол, свршен
Турне, оттурне нешто малку, слабо.
Примери:
Подбутни го креветот уште малку накај ѕидот.
Помогне некому во работа, во напредување.
Примери:
Да го подбутнеме малку на почетокот, потоа сам ќе тера.
(се подбутне) Се турка заемно по малку, во одредена мера.
Примери:
Девојките се подбутнаа една со друга, се погледнаа и се закикотија.

поистурка повеќе

Види и: истурка (св.)
поистуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истурка малку или уште малку.
Албански: shtyj
Примери:
Ја поистурка масата кон прозорецот.

поразбута повеќе

Види и: разбута (св.)
поразбутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбута, растера малку, донекаде.
Примери:
Тој мораше да ги поразбута луѓето за да дојде до неа.

потисне повеќе

потиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Принуди некого под притисок да се тргне; истурка, помести назад, настрана.
Албански: shtyn
Примери:
Тие го потиснаа настрана насобраниот народ.

поттурне повеќе

поттурнат
Вид збор: Глагол, свршен
Турне малку, во мала мера.
Албански: shtyj pak
Примери:
Само го поттурнаа и тој падна.
отфрли, потцени, занемари
Албански: hedh, lë anash
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не е веќе меѓу првите, го поттурнаа.

потурка повеќе

потуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Турка малку, кратко време.
Албански: shtyj
Примери:
Го потуркав велосипедот, па се качив да го возам.

потурне повеќе

Види и: поттурне (св.)
потурнат
Вид збор: Глагол, свршен
поттурне

протурка повеќе

протуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истурка малку, премести со туркање како на сила.
Албански: shtyj
Примери:
Протурка писмо под вратата.

растурка повеќе

растуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истурка на сите страни.
Примери:
Ги растурка книгите по масата.
(се растурка) Со туркање се пробие, се истурка.
Примери:
Таа се растурка низ толпата.

собора повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
бутне
Албански: shty, rrëxoj

соборува повеќе

Види и: собори (св.)
соборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
бутне, турне
Албански: shtyej, rrëzoj

тиска повеќе

тискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тиска) се турка, се бутка
Албански: shtyhet

турка повеќе

туркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
бутка
Албански: shtyj
Примери:
Турка количка.

турне повеќе

турнат
Вид збор: Глагол, свршен
бутне
Албански: shtyn
Примери:
Ме турна во вода.

тутне повеќе

тутнат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосила да му даде некому нешто.
Албански: shtyj
Примери:
Му го тутна детето.
(се тутне) Оди кај некого наметливо, да се бутне кај некого.
Албански: shtyj
Употреба: Разговорно
Примери:
Му се тутна право в канцеларија.