а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

згазне

згазнат; згазни, згазнете; згазнав, згазнаа; згазнал; згазнат; згазнев, згазнеа; згазнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8683
1. нагази
Англиски: step Албански: shkel
Примери:
Танцувајќи тој ја згазна девојката.
Жената го згазна мажот и му даде знак да престане.
2. застане, стапне
Англиски: stand Албански: qëndroj
Примери:
Згазни убаво, со двете нозе.
Згазна на болната нога, но веднаш почувствува остра болка.
3. потисне
Англиски: suppress Албански: ndrydh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Откако згазнаа во селото, народот глава не крена.
Изведенки
1. згазнува несв.
згазнуваат
2. згазнување ср.
глаг. им.