а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

застане

застанат; застани, застанам, застанете; застанав, застанаа; застанал; застанат; застанев, застанеа; застанел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 460
1. За човек, животно - престане да се движи.
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Застанав зад една карпа.
Тие застанале да се одморат.
Коњот застана во една ливада и започна да пасе.
2. За превозно средство - престане да се движи
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Камионите застанале кај мостот.
Кога автобусот застана, тие веднаш слегоа.
3. Сопре некого или нешто, натера да го прекине движењето.
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Група одметници го застанаа карванот.
Тие го застанаа возот.
4. Престане, запре при вршењето на некоја активност.
Англиски: hold Албански: frenoj
Примери:
Тој застана за миг во работата, колку да запали цигара.
Таа застана на половина збор, помолче малку и пак продолжи.
5. Престане, запре да се одвива некакво дејство.
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Мојот часовник застанал.
Колата ми застана токму на семафорот.
6. Запре, задржи нешто некое време во определена положба.
Англиски: stop Албански: mban
Примери:
Кога го отвориле гробот, здивот им застанал на сите.
Две солзи застанаа во нејзините очи.
Погледот му застана на прекрасната глетка што беше пред него.
7. Заземе определена позиција, положба, се постави на некаков начин.
Англиски: stand Албански: qëndron
Примери:
Тој застана на чело на бригадата.
Таа застана крај вратата.
Тие застанале еден спроти друг.
8. Заземе определен став, мислење во врска со нешто.
Англиски: take position Албански: merr
Примери:
Факултетот застана на ставот да се организира тој собир.
Изрази
Застане на нозе - се исправи, стане.
Застане на нозе - се извлече од некаква неволја.
Застане зад некого - поддржи некого во нешто.
Изведенки
1. застанува несв.
застануваат
2. застанување ср.
глаг. им.
Пример: Те молам, вози без застанување.