здобри
здобрат; здобрил
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Смири две страни што биле скарани.
Примери:
Непријатната случка ги здобри семејствата.
Слично со:
смири (св.)
2.
одоброволи
Албански:
qetësoj
Извинувањето на синот го здобри таткото.
Таа се надеваше дека ќе го здобри и дека тој ќе застане на нејзина страна.
Слично со:
одоброволи (св.)
3.
(се здобри) Се смири заемно.
Албански:
pajtohem
Сѐ уште се лути, но ќе се здобрат.
Оттогаш се здобрија и постојано се заедно.
Слично со:
зближи (св.)
4.
(се здобри) Стане добар, подобар.
Англиски:
improve
Албански:
përmirësoj
Со годините човекот се здобри.
Се здобрила да не можеш да ја препознаеш.
Слично со:
подобри (св.)
Изведенки
1.
здобрува несв.
(се) здобруваат
(се) здобруваат
2.
здобрување ср.
глаг. им.
глаг. им.