а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

здружи

здружат; здружил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5962
1. Обедини, организира во група, здружение, сојуз.
Англиски: ally Албански: aleat
Примери:
Заедничкиот интерес ги здружи.
2. Спои, доближи едно до друго.
Англиски: join Албански: bashkoj
Примери:
Исправи ја раката и здружи ги прстите.
3. спријатели, зближи
Англиски: befriend Албански: bëhem shok
Примери:
Сиромаштијата ги здружи селаните.
4. (се здружи) Се спои, се организира во група, здружение, сојуз.
Англиски: unite Албански: bashkim
Примери:
Ако се здружиме, ќе имаме поголем успех во нашата цел.
Неколку стотини граѓани се здружија во невладина организација.
5. (се здружи) се спријатели, се зближи
Англиски: befriend Албански: bëhem shok
Примери:
Со време децата од двете улици се здружија и заборавија на расправијата.
Изведенки
1. здружува несв.
(се) здружуваат
2. здружување ср.
мн. здружувања
глаг. им.