зрачи
зрачат; зрачел; зрачен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3392
1.
Пушта зраци, пушта светлина или енергија од себе.
Англиски:
beam
Албански:
lëshon reze
Месечината зрачеше во ноќта.
Светилката зрачеше дополнителна топлина во собата.
2.
Изложува на определен вид зраци заради лекување.
Примери:
Ги зрачеше синусите со кварцна светлина.
3.
Ослободува од себе нешто.
Примери:
Од лицето и зрачеше радост.
Од неа зрачи убавина.
Во очите му зрачеше гордост.
Изведенки
зрачење ср.
мн. зрачења
глаг. им.
Пример: електромагнетни зрачења
мн. зрачења
глаг. им.
Пример: електромагнетни зрачења