извор
мн. извори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 861
1.
Место од каде што извира вода или нафта.
Примери:
На изворот ручавме и се напивме вода.
Изворот на реката се наоѓа горе во планината.
Тука има многу извори на минерална вода.
2.
Место, тело, апарат од каде излегува топлотна или светлосна енергија.
Англиски:
source
Светлосен извор.
Извор на топлина.
Слично со:
место (ср.)
3.
Основа, причина за некоја појава.
Примери:
Неработењето е извор на сите несреќи.
Изворот на заразата.
Извор на среќа.
Слично со:
причина (ж.)
4.
Документ, творба од која се зема материјал за научни и други проучувања.
Англиски:
original
Историски извори.
Литературни извори.
Етнографски извори.
Слично со:
оригинал (м.)
Изрази
На изворот - на вистинското место.
Изведенки
1.
изворец ср.
(едн.)
дем.
(едн.)
дем.
2.
изворче ср.
мн. изворчиња
дем.
мн. изворчиња
дем.
3.
изворски прид.
изворскиот
Што се однесува на извор.
Пример: Изворска вода.
изворскиот
Што се однесува на извор.
Пример: Изворска вода.