истури
истурат; истурил, истурело; истурен; истуреше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1805
1.
Излее, исипе течност од некаде.
Примери:
Одеднаш рипна од столот и ја истури чашата.
Слично со:
излее (св.)
2.
Исипе нешто ситно, што може да се исипува.
Англиски:
unload
Албански:
shtroj, shkarkoj
Песокот го истурија во дворот зад куќата.
Слично со:
исипе (св.)
3.
(само 3. л.) Падне пороен, силен дожд.
Англиски:
rain
Албански:
derdh, bie shi
Пред еден час истури, а сега повторно грее сонце.
4.
Излее, преточи некакво чувство во определена реакција.
Примери:
Го истури својот гнев врз оној што беше најмалку виновен.
Ја истури сета болка што ја носеше во душата.
6.
(се истури) Се излее од небото.
Англиски:
pour
Албански:
derdh, zbraz
Вчера се истурија дождови.
7.
(се истури) Се изрази во голема мера.
Албански:
derdh, shkep
Се истури од плачење.
Се истури од род.
Изведенки
1.
истура несв.
истураат
истураат
2.
истурање ср.
глаг. им.
глаг. им.