име
мн. имиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 135
1.
Личен назив што му се дава на човекот веднаш по неговото раѓање, името заедно со презимето.
Примери:
Го носам името на мојот дедо.
Слично со:
назив (м.)
2.
Измислено, невистинско име на писател, публицист, револуционер и др.
Примери:
Тоа е псевдонимот на писателот, не му е вистинското име.
Слично со:
псевдоним (м.)
3.
Дополнително име, назив што му се дава на човекот.
Примери:
Никој од децата не го викаше на неговото име, туку само: Бечварче.
Ова име му го дадоа по долгите волнени бечви што ги носеше.
Слично со:
прекар (м.)
4.
Посебно име на животни, растенија, на разни објекти, наслови на книги, слики и сл.
Албански:
titull
Како му е името на кученцево?
Какво име носи растениево?
Како точно гласеше името на книгата?
5.
Назив, име воопшто.
Англиски:
designation
Албански:
emërtim
Во тоа име ја пијам оваа чаша.
Љубовта е име што го носам во себе.
Слично со:
назив (м.)
6.
Глас (добар или лош), лична или фамилијарна репутација, углед, слава.
Примери:
Ја бие лош глас и веќе ѝ извадија име.
Се надеваше дека ќе му го продолжи со мака стекнатото име, и се разбира, славата.
Слично со:
репутација (ж.)
7.
Прочуена, позната личност.
Примери:
Стана големо име во поезијата на својот народ.
8.
именден
Примери:
Вечер ќе одиме на име кај Никола.
Името му е на Крстовден.
Изрази
Му вади име - создава лошо мислење за некого.
На мртво име - прави нешто, обично тепа, со многу силен интензитет.
Да му се запусти името - клетва.
Изведенки
именце ср.
мн. именца
дем и хип.
мн. именца
дем и хип.