а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

интонација

мн. интонации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12975
1. Различен начин на повишување и снижување на гласот при говорење, изразување чувства, расположби.
Англиски: intonation Албански: intonacion
Употреба: Лингвистика
Примери:
Се чувствува тажна интонација кај македонските народни тажачки.
2. Ритмичко - мелодиска страна на реченицата што зависи од повишувањето или снижувањето на тонот при изговарањето различни видови реченици.
Англиски: intonation Албански: intonacion
Употреба: Лингвистика
Примери:
Прашална интонација.
3. Музикален акцент, карактеристичен за некои источни јазици.
Англиски: intonation Албански: intonacion
Употреба: Музика и танц
4. Звучење на музички инструмент при свирење и на глас при пеење.
Англиски: intonation Албански: intonacion
Употреба: Музика и танц
5. Давање основен тон при започнување со свирење или со пеење.
Англиски: tuning Албански: akordim
Употреба: Музика и танц
Изведенки
интонациски прид.
интонациски
Пример: интонациски сигнали