капе
капат; капи, капете; капев, капеа; капел; капен; капејќи; капав, капаа; капал; капан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2812
1.
Паѓа капка по капка.
Примери:
Солзите ѝ капеа низ образите.
На раката му капеше вода.
Жолтеникава смола капеше од грубите кори на стеблата.
Жетварите беа расоблечени и пот им капеше од лицето.
Од носот му капеше крв.
2.
Прокиснува, пропушта вода.
Примери:
И дење и ноќе капеше од таванот.
Се слушаше како под прозорците стреите капат.
Слично со:
прокиснува (несв.)
3.
За лисје, цвет, плод на дрво - паѓа.
Примери:
Плодовите капат изгорени и суви.
Над неа капеа гранките од јаболкниците.
Лисјата на дрвјата капеа.
Слично со:
паѓа (несв.)
4.
За пари, добивка - пристигнува по малку, но постојано.
Примери:
Од различни страни капе по некоја пара.
5.
Работи без прекин, се мачи.
Примери:
Тој цела година капе по полето cо сето семејство.
Слично со:
капне (св.)
6.
Cе преморува, ослабнува физички.
Примери:
Многу сум уморен, капам за спиење.
7.
Мие, отстранува нечистотија од телото, бања.
Примери:
Мајката го капеше детето.
9.
(се капе) плива
Примери:
Лете, понекогаш се капеа во реката.
Јас во река сум се капел, а во море не.
Слично со:
плива (несв.)
Изрази
Ако не врне, капе - нема многу ама доволно е.