кожичка
мн. кожички
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 27479
1.
Мала и / или тенка кожа.
Примери:
На некои места по кожичката му се оцртуваа жиличките.
2.
Обвивка на внатрешните органи или празнини; тенка и нежна кожа воопшто.
Примери:
Си ја подгриза кожичката на усните.
Слично со:
слузокожа (ж.)
3.
кожа, кора
Примери:
Пред варењето се лупи кожичката на портокалот.
4.
Ткиво што личи на кожа, кожна мембрана.
Примери:
Жабата има кожичка меѓу прстите.
Изрази
Кожичката ќе ти ја одерам - закана.