крие
кријат; криј, кријте; криев, криеја; криел; криен; криејќи; крив, крија; крил
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 498
1.
Стави нешто (материјално) на скришно место да не може друг да го најде.
Примери:
Крие пари.
Крие оружје.
Слично со:
сокрива (несв.)
2.
Оневозможи да се види, затскрие.
Примери:
Густите дрвореди ги криеја ниските, приземни куќички.
Слично со:
затскрие (св.)
3.
Држи, чува во тајност да не се дознае.
Англиски:
keep secret
Албански:
mbaj fshehtë, sekret
Од мене немој ништо да криеш.
4.
Има, содржи (носи, поседува) во себе нешто што не се забележува веднаш.
Примери:
Атомот крие во себе огромна енергија.
Војната крие многу опасности.
Слично со:
содржи (несв.)
5.
(се крие) Не сака да cе покаже пред некого.
Примери:
Тој се крие од мене.
6.
(се крие) Се засолнува негде (во тајност, од опасност).
Примери:
Тие се криеја во шумите.
Луѓето се криеја од бомбите.
Слично со:
засолнува (несв.)
7.
(се крие, само 3. л.) Не се појавува веднаш; се наоѓа, е содржан во не толку забележлива форма.
Примери:
Во оваа глава се крие голем ум.
Тука се кријат големи можности.
Изведенки
криење ср.
глаг. им.
глаг. им.