а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крие

кријат; криј, кријте; криев, криеја; криел; криен; криејќи; крив, крија; крил
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 498
1. Стави нешто (материјално) на скришно место да не може друг да го најде.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Крие пари.
Крие оружје.
2. Оневозможи да се види, затскрие.
Англиски: shade Албански: fsheh
Примери:
Густите дрвореди ги криеја ниските, приземни куќички.
3. Држи, чува во тајност да не се дознае.
Англиски: keep secret Албански: mbaj fshehtë, sekret
Примери:
Од мене немој ништо да криеш.
4. Има, содржи (носи, поседува) во себе нешто што не се забележува веднаш.
Англиски: contain Албански: fsheh, përmban
Употреба: Преносно значење
Примери:
Атомот крие во себе огромна енергија.
Војната крие многу опасности.
5. (се крие) Не сака да cе покаже пред некого.
Англиски: hide Албански: fshehet
Примери:
Тој се крие од мене.
6. (се крие) Се засолнува негде (во тајност, од опасност).
Англиски: hide Албански: strehoj
Примери:
Тие се криеја во шумите.
Луѓето се криеја од бомбите.
7. (се крие, само 3. л.) Не се појавува веднаш; се наоѓа, е содржан во не толку забележлива форма.
Англиски: hide Албански: fshihet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во оваа глава се крие голем ум.
Тука се кријат големи можности.
Изведенки
криење ср.
глаг. им.