мразовец
мн. мразовци
Вид збор: Именка, машки род
1.
Вид инсект, штетник на овошките и на голем број шумски дрвја, гасеницата ги напаѓа листовите, цутните пупки и плодовите кај коскестото и јаболчестото овошје.
Примери:
Пеперугата мразовец ќе започне да се множи.
Вид: инсект (м.)
2.
Лековита билка слична на качунка што цвета на есен, во време на цветењето нема развиени листови.
Вид: цвеќе (ср.)
Изрази
Голем мразовец - Bид инсект, гасеницата причинува големи и штети на листовите, цутните пупки и плодовите кај коскестото и јаболчестото овошје; гасеницата е со кафена боја; Hibernia defoliaria.
Мал мразовец - Bид инсект, штетник што го напаѓа коскестото и јаболчестото овошје; зелена гасеница; Cheimatobia brumata.