а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надева

(се) надеваат; надевам, надеваме
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 983
1. Има надеж дека нешто ќе се случи, ќе биде како што се посакува.
Англиски: hope Албански: shpresoj
Примери:
Се надева дека брзо ќе се вратат.
Се надева дека брзо ќе победат.
Се надевавме на подобро време.
2. Смета на некого, очекува од некого.
Англиски: count Албански: shpresoj, pres
Примери:
Надевајте се на него, ама и вие помачете се.
Многу се надевав на него.
Ние на тебе се надевавме, немаме друг.
3. Со кратка заменска форма за индиректен предмет: му и др. Очекува некого да дојде.
Англиски: expect Албански: pres
Примери:
И на Велигден, кога му се надевавме, не дојде.
Им се надевав на роденденот.
Кога не и се надевав, дојде.
Изрази
Човек се надева додека е жив (посл.).
Изведенки
надевање ср.
глаг. им.