направи
направат; направам; направил, направија, направиле; (ќе) направевме
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 197
1.
Изработи, даде облик, состави нешто.
Примери:
Направи прстен.
Направи чевли.
Направи стомна.
Слично со:
изработи (св.)
2.
Изгради, изѕида објект на некое место.
Примери:
Направи куќа.
Направи црква.
Направи мост.
Направи пат.
Слично со:
изгради (св.)
3.
Зготви, приготви храна.
Примери:
Направи ручек.
Направи салата.
Направи сладолед.
Направи торта.
Слично со:
зготви (св.)
5.
Приреди, организира, собере множество луѓе со некоја цел.
Примери:
Направи свадба.
Направи собир.
Направи приредба.
Направи веселба.
Слично со:
приреди (св.)
6.
Доведе во нормална, исправна состојба, поправи.
Примери:
Мајсторот го направи телевизорот.
Слично со:
поправи (св.)
7.
Предизвика, стори нешто.
Примери:
Направи штета.
Направи судир.
Направи пожар.
Направи беља.
8.
Наполни, наврши определен број години.
Примери:
Кога ќе направиш шест години, ќе заодиш на училиште.
Слично со:
наполни (св.)
9.
Напише текст, административен акт и сл.
Примери:
Секретарот ги направи одлуките од последната седница на Советот.
Записничарот го направи записникот.
Направивме список на сите заинтересирани за патувањето.
10.
Означи, опише, нацрта граници на нешто во просторот.
Примери:
Сателитот направи круг околу Земјата.
Направи квадрат над хипотенузата и определи ја неговата плоштина.
Учениците направија круг околу наставникот.
Слично со:
опише (св.)
11.
Отстапи, овозможи нешто.
Примери:
Момчето ѝ направи место на жената да седне.
Селаните му направија пат на војводата да помине.
Слично со:
овозможи (св.)
12.
Создаде, предизвика некаква состојба, ситуација и сл.
Примери:
Невремето нарави големи штети кај раноградинарските култури.
Експлозијата направила мал кратер.
Слично со:
создаде (св.)
13.
За лице - даде на лицето некаков израз, покаже расположение, чувство, однос кон некого или кон нешто.
Примери:
Тој направи кисело лице.
Момчето направи најдобра гримаса на натпреварот.
14.
придвижи, помести
Примери:
Возот направи неколку маневарски движења напред-назад и застана.
Тој направи неколку чекори сам, без туѓа помош.
15.
Раскаже, смисли нешто.
Примери:
Децата направија шега на сметка на стариот.
Новинарите од тоа направија приказна.
16.
Произведе, назначи некого за нешто.
Примери:
Го направија претседател.
Го направи свој наследник.
Слично со:
назначи (св.)
17.
Во состави со именка за означување дејство со значење на именката.
Примери:
Направи анализа.
Направи забелешка.
Направи исправка.
Направи избор.
Направи проверка.
18.
(се направи) Си даде некаков изглед, се преправи, се престори.
Примери:
Се направи важен.
Се направи болен.
Се направи недоветен.
Слично со:
преправи (св.)
19.
(се направи) Дојде во некаква состојба, се претвори во нешто, обично во негативна конотација.
Англиски:
become
Албански:
bëhet, shëndrohet
Се направил коски и кожа заради неа.
Изрази
Направи човек од него - добро одгледа, воспита некого.
Изведенки
1.
направа несв.
(се) направаат
(се) направаат
2.
направање ср.
глаг. им.
глаг. им.