нареди
наредат; наредил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1008
1.
Стави, размести во определен ред.
Примери:
Го нареди по височина меѓу првите.
Ги нареди книгите по писатели.
2.
Суреди, намести (соба, куќа).
Примери:
Му ја исчисти и му ја нареди собата.
За празникот убаво ја нареди куќата.
3.
Среди, уреди, доведе во добра состојба.
Примери:
Јас ќе ја наредам таа работа.
Убаво си го наредил животот.
Слично со:
уреди (св.)
4.
Дотера, украси некого или нешто.
Примери:
Ја наредил како кукла.
Алтани ќе те наредам.
Убаво сте ја наредиле елката.
Слично со:
декорира (св. и несв.)
5.
(се нареди) Застане во ред.
Англиски:
line up
Албански:
reshtohem, renditem
Војниците со трчање се наредија во два реда.
6.
(се нареди) Добро се намести, дојде до добро место во службата, во работата.
Примери:
Слушам, убаво си се наредил на работа.
7.
(се нареди) Се дотера, се уреди, добро се облече.
Примери:
Многу убаво си се наредила, сигурно вечер многумина ќе те бендисаат.
8.
Издаде, даде наредба.
Англиски:
command
Албански:
urdhëroj, komandoj
Командирот нареди да се подготват сите за долг марш.
На селаните им наредија да ги товарат вреќите во камионите.
Слично со:
командува (несв.)
Изведенки
1.
наредува несв.
(се) наредуваат
(се) наредуваат
2.
наредување ср.
глаг. им.
глаг. им.