натокми
натокмат; натокмил; натокмен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17343
1.
Убаво облече, дотера, уреди.
Примери:
Невестата ја натокмија како што е редот.
Слично со:
дотера (св.)
2.
Спреми, подготви, снабди тоа што е потребно.
Примери:
Го натокми коњот и тргнаа.
Ја натокми масата за ручек.
Кујната им беше мала, но натокмена со сѐ што треба.
Слично со:
спреми (св.)
3.
израмни, намири
Примери:
Натокми го да не биде покусо.
Му натокми до денар колку што му зел.
Аврам натокмил сто години кога умрел.
Слично со:
израмни (св.)
4.
Се натокми, се дотера, се уреди.
Примери:
Се натокми како за Велигден.
5.
Се натокми, се намири, се раздолжи.
Примери:
Одвај се натокмивме со сметките.
Изведенки
1.
натокмува несв.
(се) натокмуваат
(се) натокмуваат
2.
натокмување ср.
глаг. им.
глаг. им.