а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

натрапи

натрапат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 39036
1. Случајно, без намера сретне некого или нешто.
Англиски: bump Албански: has, ndesh
Примери:
Само што тргнаа натрапија на заседа.
Кога не очекуваа, натрапија на глутница волци.
2. Натера некого, без да сака, да прифати (да купи да земе подарок и сл.) нешто.
Англиски: persuade Албански: bind
Примери:
Му ја натрапи колата, божем евтино како на пријател.
3. (се натрапи) Се придружи, се наметне во некоја средина против желбата на другите.
Англиски: impose Албански: imponoj
Примери:
Малку му беше што им се натрапи, не ги остави збор да кажат.
Изведенки
1. натрапува несв.
(се) натрапуваат
2. натрапување ср.
глаг. им.