а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нахрани

нахранат; нахранил; нахранет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4733
1. Даде доволно храна на човек или на животно.
Англиски: feed Албански: ushqej
Примери:
Стана порано да приготви и да ги нахрани децата.
Ќе ги нахраниш коњите или ќе ги пуштиш да пасат.
2. (се нахрани) Се најаде, се засити со храна.
Англиски: saturate Албански: ngopem
Изведенки
1. нахранува несв.
(се) нахрануваат
2. нахранување ср.
глаг. им.