ниеден
ниедна
Вид збор: Придавка
Ранг: 1214
1.
Означува отсуство, немање на тоа што го означува именката со која доаѓа или на која се однесува.
Англиски:
nobody
Ниеден човек не дојде.
Ниеден не се согласи.
Не спомена ниедно име.
Ниедно друго решение не е подобро.
Спротивно од:
еден (прид.)
2.
Во обрати за изразување презир, навреда, негодување.
Примери:
Ти ќе ме учиш, магаре ниедно.
Слично со:
никаков (прид.)
Изрази
Во ниедно време (доба) - се врати, си легна - многу доцна, кога за тоа не е време.
До ниедно време (доба) - седи, работи длабоко во ноќта.
Од ниедно време (доба) - многу рано.