низок
ниски
Вид збор: Придавка
Ранг: 1996
1.
Што има мала височина, што не израснал високо или не е направен да биде висок.
Англиски:
low
Албански:
i shkurt,i ulët
низок човек, ниско дрво, ниска трева
ниска куќа, ниска ограда
Спротивно од:
висок (прид.)
2.
Што не се наоѓа на голема височина во однос на површината.
Примери:
ниски гранки, ниска cтреа
низок лет, ниски облаци
Слично со:
долен (прид.)
3.
Што е под средното ниво, под просекот, што е најдолу по ранг, по степен, по квалитет и др.
Примери:
ниска цена, ниска камата
ниска температура, низок квалитет
ниско образование, ниска култура, низок сталеж
низок чин, низок глас, низок акорд
4.
Што е неморален, нечесен.
Примери:
ниски побуди, ниска постапка
Изрази
Падне ниско - лошо, нечесно постапи.
Падне на ниски гранки - пропадне, изгуби висока позиција, се уназади.
Низок удар - нечесна постапка, недозволено средство.
(посл.) Кој високо лета, ниско паѓа.
Изведенки
ниско прил.
Пример: Се чувствуваше ниско.
Пример: Се чувствуваше ниско.