обрати
обратат; обратете; обратам; обратил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2428
1.
Обрне, посвети внимание некому или на нешто.
Примери:
Тој го обрати сето внимание на ученикот.
Не обрати внимание на неговите зборови.
Слично со:
обрне (св.)
2.
Преобрати, промени вера некому.
Англиски:
change
Албански:
ndërroj, kthej
Грабнатата девојка ја обрати во нова вера.
Слично со:
конвертира (св. и несв.)
3.
(се обрати) Се обрне кон некого со молба, со барање; каже, соопшти нешто некому.
Примери:
Му се обрати на момчето со висок тон.
Тие се обратија на повеќе места за парична помош.
За помош обратете се на Министерството за здравство.
Слично со:
соопшти (св.)
4.
Ослови некого при поставување контакт, при разговор.
Англиски:
address
Албански:
drejtoj, adresoj
Слично со:
ослови (св.)
5.
(се обрати) Се преобрати, промени вера.
Англиски:
change
Албански:
ndërroj, kthej
Се обрати во друга вера и замина од градот.
Изведенки
обраќа несв.
(се) обраќаат
(се) обраќаат