објави
објават; објавам; објавил; објавен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2762
1.
Разгласи нешто, огласи, соопшти нешто некому.
Примери:
Премиерот објави предвремени избори.
Сите весници објавија коментари за протестниот собир.
2.
Публикува, издаде, отпечати нешто.
Примери:
Оваа издавачка куќа објави поголем број дела од домашни автори.
Во текот на оваа година, тој објави две збирки поезија.
3.
Со официјален акт извести за почетокот на некакво дејство, состојба, положба.
Примери:
Двете завојувани страни објавија примирје.
Власта објави општа мобилизација.
4.
Даде официјално соопштение, потврда за нешто.
Примери:
Тој објави дека предлогот е едногласно усвоен.
Лекарот објави дека постигнал успеси во лекувањето со новиот лек.
Изведенки
1.
објавува несв.
објавуваат
објавуваат
2.
објавување ср.
глаг. им.
глаг. им.