а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одвлече

одвлечат; одвлечи, одвлечете; одвлеков, одвлекоа; одвлекол, одвлекле; одвлечев, одвлечеа; одвлечел; одвлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6744
1. Со влечење однесе нешто некаде, до определено место.
Англиски: drag Албански: tërheq
Примери:
Тој го одвлече сандакот во другиот агол на собата.
Вреќите со брашно ги одвлековме во подрумот.
2. Одведе, однесе некого со сила, влечејќи.
Англиски: drag Албански: tërheq
Примери:
Го фати детето за уво и го одвлече надвор.
Го подигнаа старецот и го одвлекоа дома.
3. За мисла, внимание, поглед - оттргне, одврати од нешто.
Англиски: distract Албански: hutoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ми го одвлече вниманието од работата.
Книгата ѝ ги одвлече мислите од секојдневните грижи.
4. (се одвлече) Одвај отиде, замине со влечење.
Англиски: drag Албански: tërheq
Примери:
Одвај се одвлеков до постела.
Се одвлече накај куќата.
5. (се одвлече) Се оттргне од нешто, заборави на нешто.
Англиски: detract Албански: tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
За миг се одвлече од разговорот и се поздрави со нас.
Не можеше да се одвлече од минатото.
Изведенки
1. одвлечува несв.
(се) одвлечуваат
2. одвлечување ср.
глаг. им.
3. одвлекува несв.
(се) одвлекуваат
4. одвлекување ср.
глаг. им.