а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одземе

одземат; одземи, одземете; одзедов, одзеде, одзедоа; одзел; (ќе) одземев, (ќе) одземеа; (ќе) одземел; одземен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2260
1. Земе нешто што припаѓало на друг.
Англиски: take away Албански: marr, grabit
Примери:
Најстариот брат им го одзеде целото наследство.
2. Намали еден број за вредност на друг број.
Англиски: subtract Албански: hjek, zbres, minusoj
Употреба: Математика
Примери:
Одземи го помалиот број од поголемиот.
3. скуси, намали
Англиски: shorten Албански: shkurtoj, zvogloj
Примери:
Одземи ги малку ракавите, долги се.
Одземи уште двапати и заврши го ракавот.
4. (се одземе) Престане да функционира.
Англиски: paralyze Албански: merrem, paralizohem
Употреба: Медицина
Примери:
Имаше мозочен удар и му се одзеде десната страна.
Од силната болка му се одземаше здивот.