а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одрони

одронат; одрони, одронете; одронив, одронија; одронил, одронет; (ќе) одронев, (ќе) одронеа; (ќе) одронел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18119
1. Оддели мал дел од нешто со ронење (земја, камен).
Англиски: crumble Албански: shembet, rrëshqet
Примери:
Силното невреме одрони малтер на неколку места од дотраената фасада.
2. Просолзи, пушти некоја солза.
Англиски: drop Албански: pikoj, lotoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Одрони солзи.
3. Каже некој збор.
Англиски: stumble Албански: them ndonjë fjalë
Примери:
Одвај одрони неколку збора.
4. (се одрони) падне, оддели
Англиски: fall Албански: shembet, bie, ndahet
Примери:
Од земјотресот се одронил малтер од ѕидот.
Изведенки
1. одронува несв.
(се) одронуваат
2. одронување ср.
глаг. им.