а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опадне

опаднат; опадни, опаднете; опаднав, опаднаа; опаднал; опаднат; (ќе) опаднев, (ќе) опаднеа; (ќе) опаднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20003
1. За лисје, цут, коса - падне, се откине, се оддели.
Англиски: fall
Примери:
Лисјето опаднаа од силниот ветар.
Со годините косата му опадна.
2. Ослаби здравствено, изгуби сила.
Англиски: weaken
Употреба: Преносно значење
Примери:
Снагата ја загуби некогашната сила - опадна.
3. Ослабне финансиски, осиромаши.
Англиски: weaken
Употреба: Преносно значење
Примери:
Откако тој замина од фирмата, тие многу опаднаа.
4. Се намали, се смали (по бројност, во големина).
Англиски: decrease
Примери:
Бројот на студентите на универзитетите многу опадна.
Не е ништо, скоро ќе ѝ опадне отокот.
Изведенки
1. опаднува несв.
опаднуваат
2. опаѓа несв.
опаѓаат; опаѓал
3. опаѓање ср.
глаг. им.