а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опседне

опседнат; опседни, опседнете; опседнав, опседнаа; опседнал; опседнат; (ќе) опседнев, (ќе) опседнеа; (ќе) опседнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11756
1. Изврши опсада, опколи со војска утврдено или населено место.
Англиски: besiege Албански: rrethoj, qarkoj
Употреба: Воен термин
Примери:
Четата ја опседна куќата во која се криеја.
2. Опколи, обгради од сите страни.
Англиски: encircle Албански: rrethoj, vij përqark
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тука е оваа зима, не опседнала и глава не ни дава да подадеме надвор.
3. обземе, опфати, занесе
Англиски: occupy Албански: vërshoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Bо тој час го опседнаа тажни мисли.
4. Опчекори и седне на нешто.
Англиски: ride Албански: ulem pushoj
Примери:
Го опседна коњот.
Изведенки
1. опседнува несв.
опседнуваат
2. опседнување ср.
глаг. им.