occupy - онтологија

безецира повеќе

безецираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Резервира, зафати место.
Германски: besetzen
Употреба: Разговорно
Примери:
Ти безецирав три места.

зазема повеќе

заземаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дојде на определено работно место, должност, функција.
Албански: zë, marr
Примери:
Стариот бег умре и тој требаше да го заземе неговото место.

запоседне повеќе

Види и: поседува (несв.)
запоседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Заземе, земе како посед.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Норвежанките повторно го запоседнаа европскиот трон.

зафати повеќе

зафатат
Вид збор: Глагол, свршен
Заземе место, определена површина, простор.
Албански:
Примери:
Масата ја зафати половина кујна.

окупира повеќе

окупираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заземе, зазема, освои, освојува туѓа територија.
Албански: okupoj
Примери:
Непријателски трупи го окупираа градот.
Задржи, задржува нечие внимание, мисли и сл.
Албански: okupoj
Примери:
Со своето сликовито раскажување го окупира вниманието на сите присутни.
Зафати, зафаќа, заземе определено место, простор.
Албански: zë, okupoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Учениците го окупираа плоштадот.

опседне повеќе

опседнат
Вид збор: Глагол, свршен
обземе, опфати, занесе
Албански: vërshoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Bо тој час го опседнаа тажни мисли.

падне повеќе

паднат
Вид збор: Глагол, свршен
Биде победен.
Албански: bie
Примери:
Со тоа Македонија падна под турска власт.

раседне повеќе

раседнат
Вид збор: Глагол, свршен
поседне, испоседне

раседнува повеќе

раседнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
раседне

фати повеќе

фатат
Вид збор: Глагол, свршен
зафати, запоседне
Албански: okupoj
Примери:
Го фатиле ридот.
Зазеде место.
Албански: okupoj
Примери:
Фати место.