а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отера

отераат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8616
1. Истера добиток на пасење.
Англиски: drive Албански: ngas
Примери:
Ги отера говедата на пасење.
2. Избрка далеку од местото на престојување.
Англиски: banish Албански: largoj
Примери:
Ги отераа преку граница.
3. Cо удар оддалечи некого или нешто од местото каде што бил.
Англиски: kick Албански: godet
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Со клоца го отера дури до вратата.
4. Постигне голем успех.
Англиски: succeed Албански: arrij sukses
Употреба: Преносно значење
Примери:
Далеку ја отера.
5. Умре некого, го уништи.
Англиски: bing Албански: shkatërroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој го отера татка си в гроб.
6. пцуе
Англиски: curse Албански: shaj
Примери:
Го отера по ѓаволите.
Изведенки
1. отерува несв.
отеруваат
2. отерување ср.
глаг. им.