тера
тераат; терал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 859
1.
За добиток и превозно средство со спрегнат добиток.
Примери:
Ела, ти терај ги воловиве, а мене дај ми ги коњите.
2.
За превозно средство без запрега - управува.
Примери:
Тера велосипед, автомобил итн.
Слично со:
управува (несв.)
3.
Движи, тера да работи.
Примери:
Водата од јазот ја тера воденицата.
4.
Во реченици со сврзникот „да“ - наговара, наведува, присилува.
Примери:
Вие ме теравте да се омажам за него.
Тера некого да работи, да лежи, да чека итн.
Слично со:
присилува (несв.)
5.
Води некого пред себе, присилувајќи го да оди напред.
Примери:
Вчера ги тераа затворениците на работа.
Детето ги тераше говедата на пасење.
6.
брка, истерува, пади
Примери:
Јас одам кај него, но тој ме тера, не ме сака.
Еве веќе десет дена тераме арамии и никого уште не сме фатиле.
Тера дивеч.
7.
истерува, вади, истуркува надвор
Албански:
nxjerr
(посл.) Клин клин тера.
Слично со:
турка (несв.)
8.
Продолжува да прави, да врши нешто.
Примери:
Јас ќе ја терам таа работа.
Ќе ја терам работата до крај.
Тера правина.
Ние по просто ќе си ја тераме, но, затоа пак, чесно.
Терај работа.
Тера инает, шега.
Слично со:
продолжи (св.)
10.
Прави нешто со задоволство и во поголема мера.
Примери:
Тера веселба.
Тера живот.
Тера гости.
12.
продолжува
Примери:
Добро почнал, нека тера понатаму.
Тераше така некое време без помошник, најпосле пак ме повика.
13.
Навлегува во извесна возраст.
Примери:
Детето ја тера четвртата година (тера накај четири години).
14.
расте, напредува, се развива
Примери:
Сушата го фати тутунот, воопшто не тера.
16.
(се тера) се тера, се гони
Примери:
Што ме гонеше мисла да ѝ се јавам повторно!
17.
(за животни) се пари
Примери:
Тие животни многу се терат.
Изрази
(разг.) Ни се тера, ни се води.
(разг.) Си ја тера работата.