отиде
отидат; отиди, отидете; отидов, отидовме, отидоа; отишол, отишле; (ќе) отидев, (ќе) отидеа; (ќе) отидел; отиден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 254
1.
Појде кај некого или некаде.
Примери:
Отиде на прошетка.
Отиде на работа.
Децата отидоа дома на спиење.
Девојките отидоа на вода.
Сите отидоа на свадба.
Слично со:
појде (св.)
2.
Напушти некое место.
Англиски:
leave
Албански:
shkoj, ikë
Татко му отишол во Австралија на печалба.
Гостите си отидоа доцна.
3.
Се оддаде на нешто, се посвети.
Примери:
Син ми отиде партизан.
Отиде војник.
Оваа година двајца вработени отидоа во пензија.
Слично со:
посвети (св.)
4.
се прошири
Англиски:
expand
Албански:
shkoj, zgjëroj, ekspandoj
Градот отиде премногу во ширина, зафаќајќи голем простор од предградието.
Слично со:
прошири (св.)
5.
Потроши брзо, многу, изгуби сѐ.
Англиски:
lose
Албански:
shkoj, humb
Нивната куќа отиде на долгови.
Платата овој месец брзо ми отиде.
6.
се изгуби, потоне
Англиски:
sink
Албански:
shkoj, fundos
Чамецот се наполни со вода и отиде под вода.
Торбата се навали, испадна од чамецот и отиде на дното од реката.
Слично со:
потоне (св.)
Изрази
Отиде на оној свет - почине, умре.
Отиде во ветер - исчезне, пропадне.
Отиде во крајност - претера со нешто.
Ми (ти...) отиде главата - закана, опасност.
Отиде по ѓаволите - се загуби, пропадне, се уништи.