а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отсече

отсечат; отсечи, отсечете; отсеков, отсекоа; отсекол, отсекле; отсечев, отсечеа; отсечел; отсечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5513
1. Со сечење оддели парче од нешто.
Англиски: cut off Албански: pres
Примери:
Таа отсече едно парче од тортата.
Домаќинката им ги отсече врвовите на доматите.
2. Решително, отсечно рече.
Англиски: say decisively Албански: pres, them me vendosmëri
Употреба: Преносно значење
Примери:
Отсече кусо со раката и со гласот.
Не! - отсече тој.
3. (се отсече) Изгуби сила и сл.
Англиски: weaken Албански: prehem, humb fuqi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Рацете и нозете ми се отсекоа кога ми кажаа за татко ми.
Изведенки
1. отсекува несв.
отсекуваат
2. отсекување ср.
глаг. им.
3. отсечува несв.
отсечуваат
4. отсечување ср.
глаг. им.