отсече
Види и:
сече (несв.)
отсечат; отсечи, отсечете; отсеков, отсекоа; отсекол, отсекле; отсечев, отсечеа; отсечел; отсечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5513
1.
Со сечење оддели парче од нешто.
Примери:
Таа отсече едно парче од тортата.
Домаќинката им ги отсече врвовите на доматите.
2.
Решително, отсечно рече.
Примери:
Отсече кусо со раката и со гласот.
Не! - отсече тој.
3.
(се отсече) Изгуби сила и сл.
Примери:
Рацете и нозете ми се отсекоа кога ми кажаа за татко ми.
Слично со:
омлитави (св.)
Изведенки
1.
отсекува несв.
отсекуваат
отсекуваат
2.
отсекување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
отсечува несв.
отсечуваат
отсечуваат
4.
отсечување ср.
глаг. им.
глаг. им.