а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отфрли

отфрлат; отфрлил; отфрлен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2147
1. Фрли, оддалечи од себе, измести.
Англиски: throw Албански: hedh
Примери:
Експлозијата го отфрли креветот.
2. Зафрли наназад или настрана.
Англиски: misplace Албански: hedh
Примери:
Ја отфрли главата наназад.
3. Одбие, не прифати нешто, не се согласи.
Англиски: reject Албански: hedh, refuzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги отфрли сите обвинувања.
4. Решително напушти, одбие, откаже љубов, внимание и cл.
Англиски: reject Албански: hedh, refuzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја отфрли својата жена.
Нашето друштво го отфрли него засекогаш.
5. Префрли со превозно средство.
Англиски: drive Албански: hedh, çoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ја отфрли мајка му со автомобилот до болница.
6. (се отфрли) отскокне
Англиски: jump Албански: hedh, kërcen
Примери:
Тој се отфрли наназад.
Изведенки
1. отфрла несв.
(се) отфрлаат
2. отфрлање ср.
глаг. им.