а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отцепи

отцепат; отцепил; отцепен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16953
1. Откине, оддели дел од нешто со цепење.
Англиски: split Албански: shkëput, çajë
Примери:
Отцепи парче кора од дрвото.
Отцепи раб од алишта.
2. Оддели некого од организација, заедница, друштво и cл.
Англиски: separate Албански: ndaj, shkëput
Употреба: Преносно значење
Примери:
Жената го отцепи мажот од друштвото.
Тие сакаат да го отцепат нашиот народ од меѓународната заедница.
3. (се отцепи) се раздели
Англиски: separate Албански: ndahem, shkëputem
Примери:
Републиката се отцепи од Федерацијата.
Изведенки
1. отцепува несв.
(се) отцепуваат
2. отцепување ср.
глаг. им.